ФРАНЦИЈА САКА ДА РЕНТА ЗАТВОРСКИ ЌЕЛИИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ Затворите во земјата се преполни, речиси 5.500 затвореници спијат на подот

Франција е меѓу најлошите во Европа по пренатрупаност во затворите, зад Кипар и Романија, според студија објавена во јуни 2024 година од страна на Советот на Европа.

228

На 1 мај, Франција регистрираше 83.681 затвореник, рекорден број дури и за нејзините хронично преполни затвори, покажуваат новите податоци од Министерството за правда.

На 1 мај, француските затвори имаа вкупно 62.570 места, па пренатрупаноста го надмина нивниот капацитет за една третина, највисок досега, а една година претходно, на 1 мај 2024 година, капацитетот беше надминат за една четвртина.






Ова е зголемување на вкупниот број затвореници за 6.000 луѓе за една година, и 25.000 за пет години, од крајот на првиот бран мерки поради пандемијата ковид-19, кога имаше предвремено ослободување на затвореници.

Бројот на затвореници во 23 затворски установи беше дури и поголем од 200 проценти од нивниот планиран капацитет на 1 мај, соопшти Министерството.

Поради пренатрупаноста на затворите, 5.234 затвореници можат да спијат само на подот од своите ќелии.

Притворните центри, каде што се чуваат оние што чекаат судење или се осудени на кратки казни, имаат 63 проценти повеќе затвореници од нивниот предвиден капацитет.

Франција првпат го надмина прагот од 80.000 затвореници на 1 ноември 2024 година, кога имаше 80.130, и оттогаш се зголемува.

– Пренатрупаноста на затворите е лоша за апсолутно сите, а очигледно и за самите затвореници, принудени да живеат во непристојни услови, како и за затворските службеници кои страдаат од несигурност и насилство – неодамна објасни министерот за правда Жералд Дарманин.

Како и неговите претходници, тој предлага изградба на нови затвори.

Во средината на мај, министерот, исто така, препорача протерување на странски затвореници и „диференцијација на затворениците врз основа на степенот на опасност“.

Франција е меѓу најлошите во Европа по пренатрупаност во затворите, зад Кипар и Романија, според студија објавена во јуни 2024 година од страна на Советот на Европа.

Француските власти размислуваат за изнајмување затворски места во други земји, особено во Источна Европа, пишуваат агенциите.

– Тоа не е табу тема – неодамна потврди претседателот Емануел Макрон.

Поврзани содржини