Во центарот на францускиот градТулон, на медитеранскиот брег, во тек е полициска операција, откако од една зграда била фрлена кутија со отсечена човечка глава.
Уапсен е еден осомничен, во чиј стан бил идентификуван бездомникот при полициска контрола претходниот ден, објави Радио Франс Инфо.
Полицијата трага по друг бездомник кој бил идентификуван при синоќешната контрола.
Многу улици во центарот на Тулон, пристаништен град на Азурниот брег и воена поморска база, се затворени, додека полицијата и армијата трагаат по други осомничени.
Copy