ФРАНЦИЈА НЕМА ДА ГИ КОРИСТИ ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ ПАРИ ЗА ОРУЖЈЕ ЗА УКРАИНА, САМО КАМАТАТА Со средствата ќе се купуваат гранати и проектили за Киев

Министерот за одбрана на Франција, Себастијан Лекорни, рече дека Франција планира да ѝ предаде на украинската армија и некои од своите постари оклопни борбени возила, како што се AMX-10RC и борбените возила на пешадијата.

268

Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска министерот за одбрана на Франција, Себастијан Лекорни, во интервју за економскиот неделник „Трибјун“.

Тој рече дека Франција, исто така, планира да ѝ предаде на украинската армија некои од своите постари оклопни борбени возила, како што се AMX-10RC и борбените возила на пешадијата.






– Благодарение на каматата за замрзнатите руски средства, ќе искористиме нови средства во вредност од 195 милиони евра – рече Лекорни.

Тој прецизираше дека парите ќе бидат искористени за набавка на гранати од 155 милиметри и наведувани проектили за борбените авиони Мираж 2000 што Франција ѝ ги подари на Украина.

ПАРИТЕ СЕ НА РУСИЈА, НЕ Е ФЕР ДА ИМ СЕ ЗЕМАТ Франција е против употребата на замрзнатите руски средства за војната во Украина

Поврзани содржини