ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ Протести против новите ковид мерки
Во демострациите во Париз учествуваа 17.000 луѓе, објавија агенци, а демонстрации имаше во многу други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Ница и Лил, јавија медиуми.
Се проценува дека 237.000 луѓе учествуваа на вчерашниот протест против новите анти-ковид мерки и воведувањето на ковид пасоши во Франција.
Во демострациите во Париз учествуваа 17.000 луѓе, објавија агенци, а демонстрации имаше во многу други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Ница и Лил, јавија медиуми.
Четврта недела по ред се протестира против заострувањето на мерките и задолжителниот услов за поседување здравствен сертификат за влегување во редица објекти и користење на услуги, а здравствените работници мора да се вакцинираат најдоцна до 15 септември.
Демонстрантите со ранспаренти и слогани бараат права, слободи, против наметнатата „диктатура“ и одбиваат да бидат „робови и експериментални глувци“. „Нашите слободи умираат“ и „Вакцина: Не ги допирајте нашите деца“ беа други плакати за протестот.
Меѓу демонстрантите беа и оние познати од претходните протести, т.н „жолти елеци“, како и екстремно-левичарски и десничарски активисти, здравствени работници, угостители и други погодени од мерките за штедење.