ФОТОГРАФИИ ОД ДЕВОЈКИ, РЕКЛАМИ ЗА ХОТЛАЈН Хакирана е Фејсбук страницата на ОБСЕ во Македонија

На страницата со близу 10.000 фанови се поставени нови фотографии и ново име, а таа сега е претворена во реклама за виетнамски хотлајн.

808

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад.

Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук дека евентуалните пораки кои би пристигнале од неа, не се авторизирани од организацијата.






На страницата со близу 10.000 фанови се поставени нови фотографии и ново име, а таа сега е претворена во реклама за виетнамски хотлајн.

Реакција веднаш пристигна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која забележува дека Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски се фалеле со претседавањето со ОБСЕ и потрошиле 5 милиони евра, а добиле виетнамски хотлајн.

„Брука! Османи и Ковачевски се фалеа со претседавањето со ОБСЕ, потрошија 5 милиони евра, а добивме виетнамски хотлајн. На само неколку дена по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, Фејсбук страницата на ОБСЕ во Македонија е хакирана и сега наместо за промоција на земјата и ОБСЕ служи како виетнамски хотлајн.
Срамота е кога претседаваме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа да имаме нарушена безбедност. Ковачевски и Османи не можат да обезбедат ниту една Фејсбук страница, а не, пак, нешто повеќе. На што троши власта 5 милиони евра, кога државата се брука на секој чекор? Дали и овие 5 милиони евра, ќе се потрошат како стотиците илјади евра потрошени на саемот за вино во Белград, каде наместо промоција на државата имавме шетање на државен трошок на луѓе од власта. Со Ковачевски и Османи, наместо промоција имаме понижувања и потсмевања. Не поминаа неколку дена откако Ахмети го пофали Османи дека министерувал со половина земјина топка и еве сега е одговорен за виетнамски хотлајн“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини