Еден фотограф, кој работел со Меган Маркл, анонимно го раскажал своето искуство од работењето со поранешната актерка, а сега војвотка за „Дејли мејл“. Тој тврди дека дури и пред да го запознае принцот Хари, Меган имала прекар Принцеза меѓу снимателите и фотографите, бидејќи имала големи барања на сетовите на снимањата.
Фотографот тврди дека на снимањето секогаш доведувала цела група соработници и инсистирала на подолг попис на барања, меѓу кои посебно се истакнувало она дека никогаш не смеат да ѝ ги снимаат прстите на нозете и стапалата. Меган не ги поднесува своите стапала, тврди снимателот.
Инаку, во 2018 година, Меган за време на нејзината официјална посета на Нов Зеланд морала боса да присуствува на една церемонија при што фотографите веднаш ги снимиле нејзините стапала, а британските таблоиди се распишуваа за лузната, за која некои тврдат дека е последица од операцијата за отстранување на „мртва коска“.
„Таа имаше многу барања и беше тешка. Се однесуваше на непристојно“, тврди снимателот за британскиот таблоид.
Според неговата приказна, Меган барала да има скап шампањ на секој сет и се однесувала како суперsвезда. Таа, исто така, барала и да ги одобри сите фотографии пред да бидат објавени. Тој вели дека бил предупреден за неа пред снимањето во Канада.
– Многу е тешка – му било речено за подоцна и самиот да се увери во тоа.
„Таа се однесуваше како дива, се гледаше тоа од сите овие правила и од начинот на кој разговара со луѓето – рекол фотографот.
Инаку, треба да се нагласи дека „Дејли мејл“ е еден од четирите таблоиди со кои Меган и Хари повеќе не сакаат да комуницираат.
Меган барала да и се точи скап шампањ на снимањето, а секоја направена фотографија требало да се достави до неа за да ја одобри. Таа се однесувала како вистинска дива.
– Тие ме предупредија дека е тешко да се работи со неа, и јас се убедив во тоа. Таа имаше став во кој се однесуваше возвишено кон сите и постојано наредуваше. Дојде во собата со капа на главата во просторијата за шминка за никој да не ја види без шминка. Вака не се однесуваат ни sвездите од А-листата, а таа во тоа време беше sвезда од Д-листата. Таа позираше совршено и тој дел потоа го одработи со насмевка, но штом ја спуштив камерата, ќе го покажеше вистинското лице. Еден од моите соработници беше навистина трауматизиран по ова снимање, бидејќи Меган беше навистина злобна – раскажа снимателот.
Тој рече дека Меган полудела кога започнал да ги снима нозете и го предупредила да не го прави тоа.
– Таа не заслужи толку внимание. Не бев импресиониран од Меган и ме зачуди како таа го шармирала Хари. Таа е многу несигурна и размазена личност, одлучи тој.