(ФОТО) ВИКТОРИЈА И ДЕЈВИД БЕКАМ ПРИСТИГНАА ВО ДУБРОВНИК Се вратија на истата локација, со нив се и двете деца

Модната дизајнерка Викторија (49) и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам (48) и годинава пристигнаа на една од омилените летни дестинации - островот Лопуд во близина на Дубровник.

539

Модната дизајнерка Викторија (49) и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам (48) и годинава пристигнаа на една од омилените летни дестинации – островот Лопуд во близина на Дубровник. Семејството Бекам, се чини, пристигнало во Хрватска во полн состав.

Да потсетиме, познатото семејство и минатата година летуваше на Лопуд, а престојуваа во одморалиштето Лопуд1483. Нивната ќерка Харпер таму го прослави својот 11-ти роденден. Изнајмувањето на луксузниот комплекс за еден ден чини 10.000 евра за 10 лица, а цената на едно ноќевање изнесува околу 1.400 евра.






Поранешниот манастир го реновирала грофицата Франческа фон Хабсбург и го претворила во музеј со елегантен хотел и духовно засолниште од 21 век, заедно со црква, камбанарија и манастир, а во рамките на комплексот се наоѓа и Света градина.

Бекамови се возеле на глисер, пливале и се сончале, а поранешниот англиски репрезентативец особено бил воодушевен од јадранските деликатеси. Дејвид на својот инстаграм-профил сподели ракчиња и школки, каде пред милиони следбеници не го криеше своето воодушевување.

Дејвид и Викторија неодамна ја прославија 24-годишнината од бракот, а заедно имаат четири деца: синовите Бруклин (24), Ромео (20) и Круз (18) и ќерката Харпер (12).

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

 

 

Поврзани содржини