(ФОТО+ВИДЕО) БРУТАЛНИТЕ ОБЛИНИ НА „СЕКС БОМБИТЕ“ ОД ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ Џени Мекарти и Кармен Електра во бикини додека мијат автомобил
Двете актерки направија заедничко снимање за кампањата на „Skims“ во сопственост на Ким Кардашијан.
Џени Мекарти (50) и Кармен Електра (51) направија заедничко снимање за кампањата на „Skims“ во сопственост на Ким Кардашијан.
Актерките кои многумина ги нарекуваат секс-бомби од деведесеттите позираа во костими за капење додека го миеја автомобилот. Кампањата вклучува и нивно заедничко видео.
View this post on Instagram
„1950-тите никогаш не изгледале толку добро“, велат од „Skims“ во соопштението за печатот. Тие нагласуваат дека со оваа кампања брендот сакал да го прослави влијанието што овие жени го имале врз поп-културата и да го потсети светот дека самодовербата и сексапилноста не можат да се ограничат.
View this post on Instagram
– Енергијата на снимањето беше неверојатна, особено на снимањето со Кармен која изгледа фантастично. Се чувствувавме како да се вративме во 90-тите и години подоцна сè уште се забавуваме – изјави Џени Мекарти во изјава за странските медиуми.
– Повторното обединување со Џени за оваа кампања е како сон – додаде Електра.