(ФОТО) ЅВЕЗДАТА НА ТОТЕНХЕМ НА ОДМОР ВО ОХРИД Дејан Кулушевски со уште неколку светски познати фудбалски ѕвезди се одмара во селото Орман

Кулушевски и неговите другари велат дека мошне убаво се чувствуваат во Охрид, дека уживаат во доброто јадење и доброто друштво, како и дека градот и околината се прекрасно место за одмор по напорните натпревари.

497

Шведскиот фудбалски репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој е роден во Стокхолм, но има македонско потекло, деновиве е на одмор во Охрид, родниот крај на неговите родители.

Кулушевски кој е стандарден првотимец на англискиот фудбалски гигант „Тотенхем“, заедено со уште неколку познати фудбалери, меѓу кои неколку играчи на „Стохлолм“ како и фудбалерот на „Брајтон“, Јасин Ајари се во охридското село Орман, на гости кај дедото на Кулушевски.






Самиот Кулушевски и неговите другари велат дека мошне убаво се чувствуваат во Охрид, дека уживаат во доброто јадење и доброто друштво, како и дека градот и околината се прекрасно место за одмор по напорните натпревари.

фото: Инстаграм
Поврзани содржини