(ФОТО) ШАМПИОН ВО ЛОЖАТА НА ВИМБЛДОН Бред Пит е три години постар од Ѓоковиќ и Алкараз заедно, а изгледа шампионски
Би-би-си спорт направи интересна математика споредувајќи ги годините на главната ѕвезда во ложата на Вимблдон со годините на финалистите на терен.
Ништо не можеше да го одвлече вниманието на интернетот од славното финале на Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз на Вимблдон вчера – освен, можеби, Бред Пит на трибините.
Холивудската ѕвезда беше на Централниот терен за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во возбудливото финале од пет сета во кое младиот Шпанец по речиси пет часа борба ја освои својата прва титула на Вимблдон. Во толпата преполна со славни личности беа Хју Џекмен, ѕвездата на Џејмс Бонд, Даниел Крег и неговата сопруга Рејчел Вајс, актерот Том Хидлстон и пејачката Аријана Гранде Том Хидлстон, Шакира, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, шпанскиот крал Фелипе и многу поранешни тениски ѕвезди. Но, кога е изгледот и популарноста во прашање, Бред Пит и овој пат убедливо ја победи конкуренцијата.
View this post on Instagram
Дури и официјалната страница на Вимблдон му посвети објава на актерот и му посака добредојде на Вимблдон. А, фановите го преплавија интернет со коментари за неговиот неверојатен изглед :„Тој сè уште изгледа неверојатно“, „Човекот зад милиони насмевки“, „Тоа е едноставно нелегално“. Се појавија и коментари во кои луѓето изразуваат неверување дека Бред Пит е блиску до 60-ка.
„60 години и сè уште е позгоден од 99,99% од мажите кои живееле порано“, пишува во едне од коментарите.
Твитер беше преплавен од објави на кои Бред Пит го споредуваат со другите познати мажи на негова возраст, најмногу со поранешниот британски премиер Борис Џонсон со кого се врсници.
Brad Pitt and Boris Johnson are both 59 years of age. pic.twitter.com/HOhMzny3Qm
— James Melville (@JamesMelville) July 16, 2023
Би-би-си спорт, пак направи интересна математика споредувајќи ги годините на главната ѕвезда во ложата на Вимблдон со годините на финалистите на терен.
Brad Pitt is three years older than Novak Djokovic and Carlos Alcaraz combined 🤯#Wimbledon pic.twitter.com/xAEj8EprdM
— BBC Sport (@BBCSport) July 16, 2023
Бред Пит (59) е три години постар од Новак Ѓоковиќ (36) и Карлос Алкараз (20) заедно, но сè уште изгледа шампионски.