(ФОТО) ПО ТРИГОДИШНА ПАУЗА МУ СЕ ВРАЌА НА ТЕНИСОТ Каролина Вознијацки доби специјална покана од УС Опен
Сакам да им покажам на моите деца дека можете да ги следите вашите соништа без разлика на возраста или улогата. Се враќам да играм и едвај чекам“, напиша 32-годишната тенисерка.
Поранешната најдобра тенисерка на светот, Данката Каролина Вознијацки, одлучи да се врати од пензија и да ја продолжи професионалната кариера.
Таа на својот Инстаграм потврди дека по тригодишна пауза во која се реализира како мајка и роди две деца, ќе се врати на најголемата сцена.
View this post on Instagram
„Во изминатите три години надвор од играта морав да го надокнадам изгубеното со семејството, станав мајка и сега имам две прекрасни деца на кои сум многу благодарна. Но, сè уште имам цели што сакам да ги постигнам. Сакам да им покажам на моите деца дека можете да ги следите вашите соништа без разлика на возраста или улогата. Семејно одлучивме дека е време. Се враќам да играм и едвај чекам“, напиша 32-годишната Вознијацки.
Данката која своевремено беше и прва на ВТА листата, во својата колекција има една грен слем титула што ја освои Австралија Опен во 2018 година. Вознијацки два пати стигна до финалето на УС Опен, во 2009 и во 2014 година.
Caroline Wozniacki is making her return to tennis!
She’s been awarded a US Open wild card. pic.twitter.com/RkFkK5kuZK
— US Open Tennis (@usopen) June 29, 2023
Организаторите на Грен слем турнирот во Њујорк на поранешната финалистка и испратија специјална покана за овогодинешниот турнир и тоа ќе биде можност публиката повторно да ја види на сцена некогаш најдобрата тенисерка во светот.