(ФОТО) ОВА Е ЉУБОВ Објавата на свршеницата на милијардерот Џеф Безос ги воодушеви нејзините следбеници

Санчез сподели заедничка фотографија и напиша дека нема ништо поубаво отколку кога ќе го види за време на паузите за ручек.

591

Свршеницата на познатиот милијардер Џеф Безос е активна на Инстаграм каде што често ги споделува своите размислувања и некои животни моменти со своите следбеници. Таа со последната објава покажа како ја поминува паузата за ручек со свршеникот Безос.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Санчез сподели заедничка фотографија и напиша дека нема ништо поубаво отколку кога ќе го види за време на паузите за ручек.

„Ништо подобро од тоа кога ќе го видам на ручек помеѓу неговите состаноци“, напиша Лорен Санчез на заедничката фотографија која ја сподели со своите 350.000 следбеници на Инстаграм.

Кети Пери и Крис Џенер, блиски пријатели на парот, ја коментираа фотографијата.

Санчез и Безос се верија кон крајот на мај, откако ја објавија својата врска во јануари 2019 година. Откако ја признаа својата љубов пред јавноста, Безос и Санчез се неразделни и се појавуваат на многу забави заедно, вклучувајќи ја и онаа на „Ванити фер“ по Оскарите во 2023 година.

Летово заедно го поминаа на импозантната едрилица по име „Кора“, а на неа запловија до хрватското приморје и уживаа во Дубровник, во друштво на Кети Пери, Орландо Блум, Ашер…

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини