(ФОТО) НИКОГАШ НЕ БИЛА ПОУБАВА Амал Клуни во неглиже креација се појави во Венеција
Една од најпочитуваните адвокатки за човекови права пристигна на Филмскиот фестивал рака под рака со Џорџ Клуни, чиј филм „Момчиња во чамец“ синоќа беше прикажан на прочуената Мостра.
Холивудскиот актер Џорџ Клуни (62) и неговата сопруга Амал (45) синоќа се појавија на јубилејниот 80. Филмски фестивал во Венеција, каде на познатата адвокатка ѝ беше врачена наградата DVF Leadership.
Една од најпочитуваните адвокатки за човекови права пристигна на Филмскиот фестивал рака под рака со Џорџ Клуни, чиј филм „Момчиња во чамец“ синоќа беше прикажан на прочуената Мостра.
Убавата Амал ги украде сите погледи веднаш веќе при излегувањето од автомобилот со своето модно издание и беспрекорниот изглед. Амал носела фустан со тантела и тул, кој потсетува на венчаница, а сите очи биле вперени во неа.
View this post on Instagram
Од накит носела висечки обетки, а стајлингот го заокружила со металик сандали и клач чанта.
Да потсетиме, Амал и Џорџ Клуни се венчаа во тајност во 2014 година во Венеција. Парот го кажа судбоносното „да“ во кругот на членовите на семејството и најблиските пријатели, прво во црквата, а неколку дена подоцна направија и граѓанска венчавка во општината кај Големиот канал. Во 2017 година тие добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои ги држат подалеку од очите на јавноста.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм