(ФОТО) НЕ ВРЕДИ, НИКАКО ДА СТЕКНАМ НА ЕВРОПСКИ МАНИРИ! Еве зошто Вучиќ јаде вишни со нож и со виљушка

Српскиот претседател објави фотографија како појадува за време на посетата Облачинско езеро и стана хит на социјалните мрежи.

879

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно ги забавува своите фанови на Инстаграм. Тој овој пат објави фотографија како појадува за време на посетата Облачинско езеро. Пред него има чинија со исчистени вишни, но Вучиќ во рацете држи нож и виљушка!

„Не вреди, никако да стекнам европски манири“ – се пожали Александар Вучиќ, посочувајќи на аголот од другата фотографија на која се гледа чинија со јајца и богат српски појадок.

 






„Дојдов во Облачинското Езеро. Ни подготвија убав, вистински српски појадок. Овие облачински вишни, што ги гледате пред мене, служат само за маскирање на она што навистина го јадев, а тоа можете да го видите во аголот на втора фотографија. Не вреди, никако да стекнам европски манири“, напиша Вучиќ под фотографиите.

Сепак, твитерџиите добро се забавуваа на темата зошто српскиот претседател јаде исчистени вишни со нож и со виљушка.

„Во која фаза од оброкот се јадат овие излупени вишни? Првпат ги гледам“, „Можеби му се слаби забите…“, „сака да глода“, се пошегуваа твитерџиите под фотографијата на српскиот претседател која за неколку часа собра осум илјади лајкови.

Поврзани содржини