(ФОТО) МИЦКОСКИ НА ВЕЧЕРА СО ЏОН МАЛКОВИЧ Разговарале за проектот за филмските студија во Скопје

Џон Малкович е вклучен во проектот STP Stone Bridge Studios, со предлог-проект за изградба на филмски и музички студија, поголем деловен комплекс и образовен кампус во околината на Скопје, во т.н. Технолошки парк Скопје, кој пред една година е доставен до македонската Влада.

1,830

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерал со холивудскиот актер Џон Малкович, кој деновиве е во посета на Македонија. Мицковски на својот профил на Фејсбук објави фотографии од средбата со славниот актер и соопшти дека  и дека разговарале за „развојните проекти и за филмските студија“.

„На вечера со Џон Малкович и разговор за развојните проекти и филмските студија. Македонија мора да фати чекор со глобалните текови, нашата борба е да се развиваме во секој можен сегмент“, напиша Мицкоски.






Џон Малкович е вклучен во проектот STP Stone Bridge Studios, со предлог-проект за изградба на филмски и музички студија, поголем деловен комплекс и образовен кампус во околината на Скопје, во т.н. Технолошки парк Скопје.

Холивудскиот актер со хрватско потекло, минатата година во изјава за МРТ рече дека проектот му е особено важен како „син на Балканот“ и силно верува дека ќе биде клучен за земјата и регионот и ќе го издигне балканскиот филм, музичките и уметнички заедници на секој можен начин. Тој тогаш најави и дека ќе го посети Скопје веднаш откако македонската Влада ќе го одобри проектот.

Проектот сѐ уште е „на разгледување“ во Владата, а во меѓувреме Џон Малкович сепак, дојде во посета на Македонија и се сретна со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини