(ФОТО) МАКЕДОНСКИТЕ АВТОПАТИШТА КАКО ПИСТА ЗА ФОРМУЛА 1 „Летале“ со неверојатни 222 и 246 километри на час, но полицијата ги фати!

Во акцијата спроведена од страна на МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

592

Во текот на вчерашниот ден (17.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 244 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.






Како што објави полицијата, двајца возачи се движеле со неверојатни 222 и 246 километри на час!

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Поврзани содржини