(ФОТО) КУРБАН ВО ФРАНЦИЈА Полицијата пронашла 40 овци во стан во Ница

Француските власти се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето.

450

Во градот Ница на југот на Франција, откриени се 40 овци во стан за социјална помош кој требало да биде празен. Полициските службеници кога влегле во станот, имале што да видат! Животните биле набиени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама, јави денеска телевизијата Франс 3. Уапсени се двајца мажи во крвави маици.






Властите се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред Курбан Бајрам, муслиманскиот празник на жртвувањето.

-Полицијата пронашла веќе заклана овца во станот. Останатите овци беа предадени на одгледувачот, изјави општинскиот функционер, Ентони Боре.Фрапирани од необичните „станари“, со цел да се спречи незаконско користење на празен стан, здружението за домување во зградата во Ница поставило специјално обезбедена врата.

Службениците на крим-одредот наишле на овците во неделата за време на полициска контрола во станбената зграда.

Поврзани содржини