📷 ГАЛИЈАТА „СРЕЌА“ НЕМА БАШ СРЕЌА Пожар го зафати бродот во реката Вардар
Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со неколку противпожарни возила одат кон кејот за да интервенираат.
Пожар избувна во напуштената галија на кејот на Вардар, кај хотел „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје и во тек е интервенција на пожарникарната служба.
Звонко Томевски, командир на противпожарната бригада на Град Скопје, за МИА изјави дека пожарот е локализиран и оти се работи на негово гаснење.
– Интервенираат 12 пожарникари со три протовпожарни возила – изјави Томевски.
Станува збор за галијата „Среќа“, која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.
По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.