(ФОТО) БРКАНИЦА НАД БАЛТИКОТ! Германците и Британците сакале да ја истражат ситуацијата, но пред нив се појавиле три руски авиони

Земјите на НАТО Естонија, Летонија и Литванија немаат сопствени борбени авиони, па од 2004 година оваа воена алијанса го обезбедува балтичкиот воздушен простор во североисточна Европа.

996

Три руски воени авиони кои летале над Балтичкото Море со исклучени транспондери биле пресретнати во меѓународниот воздушен простор.

Како што соопшти германското воено воздухопловство, се работи за два руски ловци Сухој СУ-27 и еден авион од типот Иљушин Ил-20. Идентификувани се со авиони на британското и германското воздухопловство, при што Германците на Твитер објавија и неколку фотографии од руски авиони направени во воздух.

 






НАТО го чува воздушниот простор над Балтикот

Земјите на НАТО Естонија, Летонија и Литванија немаат сопствени борбени авиони, па од 2004 година оваа воена алијанса го обезбедува балтичкиот воздушен простор во североисточна Европа.

Сојузниците редовно распоредуваат борбени авиони и персонал во балтичките земји кои граничат со Русија. На почетокот на април, по осум месеци, германската војска и ја предаде командата на мисијата за воздушно набљудување на НАТО на Велика Британија.

Сепак, германското воздухопловство ќе продолжи да ја поддржува Британија до крајот на месецот.

Поврзани содржини