(ФОТО) БОЛНО И БИЗАРНО, ЗАПРЕТЕ ГО ТОА! На интернет се продаваат маици со ликот на Коста К. како сувенири
Неколку луѓе во знак на револт реагирале на интернет страницата за да ги повлечат маиците од продажба, но добиле само формален одговор.
На позната интернет платформа се продаваат маици со ликот на 13-годишниот Коста К., осомничен за масакрот извршен на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград во кој беа убиени девет ученици и чуварот на училиштето.
Овие скандалозни маици ги вознемирија и згрозија граѓаните, пишува порталот Курир.рс
– Ги носат насмеани манекени, а чинат околу 20 евра. За малку инфаркт да ме погоди! Мислев дека некој прави непримерна шега. Тој болен и бизарен потег треба веднаш да се прекине, вели една корисничка на контроверзната веб-страница.

Читателката која се обратила до медиумите, истакнува дека неколку луѓе во знак на револт реагирале на интернет страницата за да ги повлечат маиците од продажба, но добиле само формален одговор.
– Продажбата на тие маици мора да се забрани! За се се виновни странските јутјубери, од Малезија, Индонезија… Објавуваат лажни видеа од момчето и тажни приказни за него, а не знаат ништо за случајот, само тоа што го собрале од интернет и на тој начин создаваат лажна слика. Да не беа тие, никој не би ги произведувал или продавал овие маици. Луѓето, странците, може и да ги купат, воопшто не знаејќи кој е тој на маицата и какво страшно злосторство направил – продолжува читателката и додава дека неколку луѓе во знак на протест реагирале и на интернет страницата и како што тврди, добиле формален одговор, но не е и потврда дали ќе ги повлечат скандалозните маички од продажба.
Инаку, сајтот на кој се продаваат маиците со ликот на момчето-убиец е регистриран во Мароко, а не во Србија. Во него се наведува дека овој скандалозен производ може да се испорача и до купувачите во Србија, а рокот за испорака е десет дена, пренесува Курир.
Ова не е прв пат момчето убиец да се велича на социјалните мрежи и да се „воодушевуваат“ неговиот крвав поход во кој уби девет ученици и чуварот од неговото училиште и повреди уште пет деца, меѓу кои и неговиот најдобар пријател.