(ФОТО) АРМ СЕ ПОДНОВИ СО 26 ОКЛОПНИ ВОЗИЛА Пристигнаа во солунското пристаниште

Министерката за одбрана информираше дека Украина испратила до Македонија ново барање за воена помош, кое се разгледува и анализира во моментот во Генералштабот.

1,258

На пристаниште во Грција пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија – информираше денеска на брифинг за новинари министерката за одбрана Славјанка Петровска.






– 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип – рече Петровска.

Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата имаа можност да се обучуваат. Станува збор за повеќегодишна набавка на вкупно 88 оклопни возила од ваков тип, која ќе се реализира во следните години.

Со овие најмодерни и најсофистицирани оклопни возила го менуваме ликот на Армијата, ја зголемуваме нејзината борбената готовност и ја зацврстуваме безбедноста на Република Северна Македонија и НАТО Алијансата – рече Петровска.

Таа информираше дека Украина до Македонија испратила ново барање за воена помош, кое се разгледува и анализира во моментот во Генералштабот, а доколку Владата донесе дополнителна одлука за испраќање воена помош, јавноста ќе биде известена.

– Се прави анализа, отворени сме сè додека има потреба од поддршка – рече Петровска.

Таа појасни дека станува збор за класифицирано барање, па не може да сподели детали за тоа од какво оружје Украина има потреба. Информациите за помошта, која е веќе испратена и декласифицирана, е објавена јавно, додаде министерката.

Поврзани содржини