(ФОТО) ЏАБЕ СТАНАЛЕ ОД РАНИ ЗОРИ ДА ЗАФАТАТ МЕСТО НА ПЛАЖА „Пешкир резервација“ не важи во Хрватска, комуналците ги собираат
Станува збор за начинот на кој оваа општина се бори против оние кои прават таканаречена резервација на плажа
Туристите во местото Градац во Далмација кои во текот на ноќта или рано утрото оставиле реквизите за да „резревираат“ подобро место на плажа, деновиве останаа и без место и без крпи.
Пред да стигнат туристите, комуналците од општината ги растуриле резервациите и ги собрале сите реквизити оставени на празната плажа. Станува збор за начинот на кој оваа општина се бори против оние кои прават таканаречена резервација на плажа, пишуваат хрватските медиуми.
Имено, поради гужвите на плажата преку ден, некои луѓе во текот на ноќта ја оставаат опремата и пешкирите за да ги чека место кога ќе одлучат да дојдат. Тоа пак предизвикува револт кај другите туристи, но и кај домаќините
„Рано утрово вредните вработени во Комуналната служба на општина Градац успешно спроведоа акција за отстранување на реквизитите за плажа оставени на плажите. Уште еднаш ве предупредуваме дека е забрането да се оставаат крпи и/или какви било други реквизити без надзор преку ноќ. “, стои во соопштението на општината.