ФОРМУЛАТА „20 ОТСТО“ ЗА ЈАЗИЦИТЕ МОРА ДА ОСТАНЕ Законот е ужасен, но Уставот не треба да се менува, вели Силјановска Давкова
„Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение, но Уставот не треба да се менува“, изјави претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Формулацијата 20 oтсто за албанскиот јазик не треба да се менува, изјави претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.
Во Рамковниот договор не случајно стои 20 отсто и тоа не се однесува само на албанскиот јазик, изјави таа и објасни.
„Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. Не случајно е одбрано 20 отсто и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од меѓународната заедница. Во другите земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазици на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение, но Уставот не треба да се менува“, вели Силјановска Давкова.