ФОРМИРАЛ ЛАЖНА КОМИСИЈА ЗА ДА ПРОДАДЕ ДРЖАВЕН ИМОТ Злоупотреба во Делчево тешка 7.000 евра

Советникот даночен извршител формирал непостоечка комисија и изготвил лажен записник за излегување на лице место и со документот му овозможил да на друго лице да отужи државно земјиште за околу 7.000 евра.

137

Советник-даночен извршител од општина Делчево е пријавен за сериозни злоупотреби на службената должност, откако бил откриен обид незаконски да се овозможи продажба на државно земјиште соопшти МВР во дневниот билтен.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против лицето Е.Т. за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „фалсификување исправа“.






Според полицијата, на 21 декември 2021 година, во постапка поврзана со барање од жител на делчевско село, пријавениот не излегол на лице место, како што налага законот. Наместо тоа, формирал непостоечка комисија и изготвил лажен записник за излегување на лице место.

Документот потоа го употребил во понатамошната постапка, со што овозможил друго лице да отуѓи градежно земјиште во државна сопственост и да оформи градежна парцела.

Лицето кое поднело барање уплатило 450.712 денари во буџетот на општина Делчево, но поради лажната документација, било материјално оштетено и претрпело дополнителни трошоци.

 

 

Поврзани содржини