„ФОРД“ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС И СЕ ЗАГЛАВИ ВО КАНАЛ Повредено е едно лице

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

308

Во сообраќајна несреќа во Велес помеѓу две патнички возила со велешки регистарски ознаки, „фиат пунто” управувано од 50 годишниот  Т.Н. од Велес и „форд”, управувано од 54 -годишниот  Л.К. од село Војница, Општина Чашка, патничкото возило „форд” излетало надвор од коловозот и заглавило во канал, при што полесно повреден е еден од сопатниците.

Како што информира за МИА Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, во СВР Велес сообраќајката била пријавена денеска во 14,50 часот, а се случила на улица Вардарска на крстосницата кај дирекција „Дервен” пред Градскиот базан.






-Со телесни повреди во сообраќајката се здобил 50 – годишниот З.К. сопатник во патничкото возило „форд” , констарирани во болницата во Велес – вели Ѓаковска.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

Поврзани содржини