Популарниот магазин „Форбс“ составил листа од најпосакуваните компании за работа во 2020 година, а во тоа му помогнала компанијата за истражување на пазарот „Статиста“.
Анкетирале 160.000 работници од 58 земји кои работат во интернационални компании, со цел резултатите да бидат веродостојни. Анкетите биле спроведени од јуни до јули, а од учесниците било побарано да ја оценат својата подготвеност кога станува збор за давање препораки за компанијата – на пријателите или семејството.
Освен тоа, требало да оценат колку се задоволни со одговорот на компанијата во која работат на пандемијата, и да го оценат својот работодавец врз основа на имиџот, економското влијание на корпоративните активности, развојот на таленти, родовата еднаквост и општествената одговорност.
Конкуренцијата била голема: предвид биле земени дури 750 гиганти корпорации кои работат ширум светот, со седишта во 45 земји. Од нив се истакнале 10, а ова е редоследот:
1. Самсунг електроникс
2. Амазон
3. ИБМ
4. Мајкрософт
5. ЛГ
6. Епл
7. Адоб
8. Алфабет (Гугл)
9. Сименс
10. Бош