ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ГИ ОДБРА СТИПЕНДИСТИТЕ НА ЈАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СКОПЈЕ Седум студенти ќе добиваат по 18.000 денари месечно
Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира седум редовни студенти, запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од првиот циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката ќе обезбеди стипендии за:
С.З. и Н.И. од Медицинскиот факултет, Ф.Т. од ФЕИТ, Е.Ќ., Ј.С., С.Т. и Н.А. од Филозофскиот факултет, насока социјална едукација и рехабилитација.
– Стипендистите беа одбрани по извршената евалуација согласно конкурсот кој беше отворен од 01.12.2023. Наша цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството – рекоа од Фондацијата Едуката.
Директорот на Фондацијата Едуката, Оливер Арсовски, најави дека фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, дали ќе бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.