Флавио Бријаторе позитивен на коронавирус, итно сместен во болница ФОТО

693

Флавио Бријаторе, познатиот претприемач, милионер, сопственик на познатата дискотека „Милијардер“ во Сардинија и ВИП личност, е примен во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано со симптоми на ковид-19, пишува весникот „Ла Република“.

Според соопштението на лекарите, неговата состојба е сериозна, но тој засега не е на одделението за интензивна нега, пишува „Новости.рс“.






Во последните денови, Бријаторе остро ги критикуваше владините мерки преземени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Откако Владата нареди затворање на дискотеките, Бријаторе го затвори својот познат диско-ресторан „Милијардер“ на островот Сардинија на 17 август.

После тоа, тој ја критикуваше Владата преку медиумите, изјавувајќи дека мерките се претерани и дека дискотеките се „безбедни места од коронавирусот“.

Тој дури се закани дека ќе поднесе тужба против градоначалникот на местото каде што се наоѓа неговото диско.

Санитарната инспекција утврди дека токму неговата дискотека „Милијардер“ е жариште на ковид-19.

После тестирањето, шестмина вработени биле веднаш хоспитализирани, а потоа уште 50 други биле позитивни за ковид-19. Во меѓувреме, медуимите објавија дека уште 11 лица од неговото диско се заразени со коронавирусот.

Пред некој ден, медиумите објавија дека и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, по одморот во Сардинија, е позитивен за ковид-19, но тоа е асимптоматски случај, како што прецизираше неговата ќерка Викторија на Твитер.

За време на одморот во Сардинија, Синиша Михајловиќ е фотографиран со Флавио Бријаторе и други познати личности. Фотографијата беше објавена на социјалните мрежи.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини