ФК Каменица Саса објави расистички твит, па го избриша (ФОТО)
Во твитот беше наведено дека екипата на Каменица Саса пред две години играла против екипа во којашто имало црномурест фудбалер, кој, пак, како што се вели во објавата, дошол на натпреварот директно од жетва.
Непосредно пред вчерашниот натпревар помеѓу Македонија ЃП и Каменица Саса, на Твитер профилот на гостинската екипа осамна објава во која се вели дека по подолг период играат против екипа која во своите редови има црномурест фудбалер.
Во твитот беше наведено дека екипата на Каменица Саса пред две години играла против екипа во којашто имало црномурест фудбалер, кој, пак, како што се вели во објавата, дошол на натпреварот директно од жетва.
По кратко време твитот беше избришан, а од ФК Каменица Саса пристигна официјално извинување за направената грешка.
„Твитот објавен пред еден час којшто беше наменет за забава, а во којшто од наша страна беше употребен несоодветен збор, е избришан уште веднаш, и признаваме дека е наша грешка. И ние сме против расизмот, и затоа јавно се извинуваме“, стои во пораката.
!!! ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ !!!
Почитувани…
Твитот објавен пред еден час кој што беше наменет за забава, а во кој што од наша страна беше употребен не соодветен “збор”, е избришан уште веднаш, и признаваме дека е наша грешка.
И ние сме против расизмот, и затоа ЈАВНО СЕ ИЗВИНУВАМЕ.
— FK Kamenica Sasa (@fk_sasa) October 21, 2020