ФИРМИТЕ ИМААТ 10.323 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Најмногу ги има во преработувачката индустрија
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 %.
Во второто тримесечје од годинава регистрирани се 10.323 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска.
Според статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08%.
Најмногу слободни места има во преработувачката индустрија вкупно 2.262 и во трговијата со 2.126.
Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,77 % има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ или во бројки 733 слободни места, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,36% или во бројки 160 слободни места.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 %.