ФИРМИ ОД КОСОВО ИСПУМПУВААТ МИЛИОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ПОВРАТ НА ДДВ Мицкоски вели дека тоа е голем скандал за кој ќе има одговорност

Се врши поврат на ДДВ во огромна сума на одредени правни субјекти без да им се направи контрола, а потоа магично тие пари се испумпуваат од сметките на тие правни субјекти и магично се менува сопствеништвото на тие правни субјекти се заменуваат со лица кои најчесто доаѓаат од соседството, или да бидам попрецизен од Косово – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

3,883

„Ние континуирано зборуваме за злоупотреба на државниот Буџет од страна на моќници кои се блиски до политичките партии на власт во Македонија”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Општина Вевчани.

Тој истакна дека аферата за поврат на ДДВ која ја зборувале се потврдила за точна.






– Во минатото зборувавме за една таква афера која понатаму се потврди како точна, а тоа е аферата каде се врши поврат на ДДВ во огромна сума на одредени правни субјекти без да се направи контрола на истите, потоа магично тие пари се испумпуваат од сметките на тие правни субјекти и магично се менува сопствеништвото на тие правни субјекти се заменуваат со лица кои најчесто доаѓаат од соседството, или да бидам попрецизен од Косово, и тие правни субјекти се без никаков капитал ниту пак има можност државата да наплати доколку се констатира при надзор дека станува збор за фиктивни фактури – вели Мицкоски.

Тој посочи дека очекува веднаш по преземањето на Владата голем дел од информациите што ги имаат да се потврдат.

– Станува збор за стотици милиони евра пари кои се крадени од граѓаните на овој начин. Да бидам попрецизен, правниот субјект фиктивно книжи побарувања од државата, тие побарувања се во форма на ДДВ без да се направи инспекциски надзор УЈП издава решение за поврат на данок, тој данок се враќа, кога се враќа тој данок се испумпува од сметката на правното лице, се менува сопственоста најчесто со лица од Косово и потоа се констатира дека тоа правно лице нема никаков основ за тоа побарување ниту пак било каков капитал за државата да си ги поврати тие пари – заклучи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта не создава услови за фер избори на сите учесници и тоа се гледа од илјадниците активни огласи за вработувања во јавната администрација непосредно пред изборите.

Мицкоски рече дека власта им дава пари, односно поткуп, на граѓаните по илјада или илјада и петстотини денари.

– Друг параметар од кој што може да се види дека нема еднакви и фер услови за сите во изборната трка е и празното место во Државната изборна комисија кое му припаѓа на албанската опозиција, а кое власта не го пополнува. Самиот процес од самиот почеток има многу недостатоци, но мора да издржиме уште овие три месеци до почеток официјален на кампањата, да ги совладаме а потоа да има одговорност – рече Мицкоски.

Тој уште додаде дека многу од партиите кои се сега во власта покажуваат сигнали дека сакаат да се приклучат кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

– Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија. Очекуваме тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.

 

 

Поврзани содржини
na