ФИРМАТА КОЈА ГРАДЕЈЌИ СРУШИ ЅИД НА СОСЕД ДОБИ 5 ДЕНА ДА ЈА САНИРА ШТЕТАТА Општината бара да се осигура стабилноста на оштетениот објект

Општината излезе со соопштение откако градежните инспектори извршија вонреден надзор на зградата на булеварот Партизански одреди.

2,508

Општината Ѓорче Петров ѝ даде пет дена на градежната фирмата која градејќи зграда сруши ѕид на соседна висококатница да го врати ѕидот во првобитната состојба и да ја осигура оштетената градба. Работниците кои работеле на новиот објект го пробиле ѕидот на соседот и целиот бетон кој го нанесувале за плочата завршил по скалите на соседната зграда.Општината излезе со соопштение откако градежните инспектори извршија вонреден надзор на зградата на булеварот Партизански одреди.

„Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица Партизански Одреди бб, во рок од пет дена да го вратат во првобитна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба“, се наведува во соопштението.






Во текстот се вели дека инцидентот настанал при бетонажа на ѕид од источната страна на објектот кој се гради.

Претходно општината го повика станарите да побараат отштета и дека изведувачот и инвеститорот ќе добијат соодветна казна заедно со обврската да го санираат проблемот.

„Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови“, порачаа од општината.

 

 

Поврзани содржини