ФИРМА ОД СТРУМИЦА И ФИРМА ОД СКОПЈЕ ДОБИЛЕ ЛИЦЕНЦИ ОД ЛОТАРИЈА Дали се директно поврзани со СДСМ и со ДУИ, прашува Митева

356

Ограбена држава – Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа. Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДСМ, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДСМ и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите, праша денеска Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок. Кој се од врвот на СДСМ и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери? За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДСМ и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок. И нервозата во СДСМ и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе  да го прават. Дополнително, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа – рече Митева.






Таа нагласи дека со години клучен фактор за развојот на бизнисот во Македонија била политичката моќ на ДУИ и СДСМ.

– На клевета ќе одговориме со вистина, СДСМ и ДУИ мора да знаат дека ќе има одговорност за секоја нерегуларност која ја направиле, само така ќе имаме правна држава и вистинско владеење на правото – порача Митева.

 

Поврзани содржини