ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА Барселона доби 1,5 милијарди евра за заживување

Барселона во моментов должи 1,35 милијарди евра, што го доведе клубот во незавидна ситуација, па поради тоа најскапите играчи беа продадени или едноставно пуштени да заминат.

1,165

Фудбалскиот клуб Барселона доби понуда за заем од 1,5 милијарди евра со цел да ја врати ликвидноста.

Според „Мундо Депортиво“, заемот го подготвила неименувана компанија од Дубаи, а Каталонците добиле одлични услови бидејќи каматната стапка е екстремно ниска.






Барселона во моментов должи 1,35 милијарди евра, што го доведе клубот во незавидна ситуација, па поради тоа најскапите играчи беа продадени или едноставно пуштени да заминат.

Споменатата компанија и понуди на Барселона мораториум за отплата на споменатиот заем од најмалку две, а најмногу 12 години.

Ова значи дека Каталонците не би морале да отплатат толку голем заем во тој период.

Потребно е само управата на клубот да ја прифати позајмицата, па Барселона брзо би станала ликвидна.

Предлогот го разгледуваат Жоан Лапорта, претседателот на клубот, потпретседателот Едуардо Ромеу, кој е задолжен за сите финансиски прашања и извршниот директор Феран Ревертер.

Поврзани содржини