ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА БАНКА ВО АТИНА Со калашников и пиштол крадците одзеле непозната сума на пари

Грабежот се случи околу 12 часот напладне во филијала на банка што се наоѓа на една од попрометните улици во строгиот центар на Атина.

221

Две непознати лица претпладнево извршиле вооружен грабеж во банка во строгиот центар на Атина, одзеле непознат паричен износ и побегнале, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката телевизија Мега, едниот со пиштол, а другиот со калашников им се заканиле на вработените и клиентите, во банката останале околу две минути, а откако ги земале парите, побегнале пеш.






Грабежот се случи околу 12 часот напладне во филијала на банка што се наоѓа на една од попрометните улици во строгиот центар на Атина, во период кога постои голема раздвиженост, не само на грчките граѓани, туку и на туристи.

Во тек е акција на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите.

Поврзани содржини