ФИЛКОВ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА, МИНЧЕВ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите за министри
Кадри од оваа партија ќе раководат со Министерството за правда и со Министерството за јавна администрација во идната влада, а за овие позиции се предлагаат Игор Филков кој ќе биде министер за правда и Горан Минчев кој треба да биде министер за јавна администрација.
Откако коалицијата Вреди и официјално ги објави кадровските решенија за идни министри во владата, вечерва на седница на Централниот одбор предлог кандидатите за министри едногласно ги утврди и Движењето ЗНАМ.
Кадри од оваа партија ќе раководат со Министерството за правда и со Министерството за јавна администрација во идната влада, а за овие позиции се предлагаат Игор Филков кој ќе биде министер за правда и Горан Минчев кој треба да биде министер за јавна администрација.
Останува уште ВМРО-ДПМНЕ в недела на Извршен и Централен комитет да ги потврди имињата на новите министри и заменици министри во Владата.
Предлог владиниот состав и програмата за работа ќе бидат доставени до Собранието во вторник, а Владата ќе се гласа на собраниска седница идниот викенд.