Филипче: Зибери го поткопа угледот на членовите на Комисијата, никој не смее да политизира за такво прашање
За разрешувањето на в.д. директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери. министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес конференција изјави дека никој не смее политички да поентира на едно такво сензитивно прашање.
Министерот ги демантирашеизјавите на Зибери дека неговата смена била со политичка позадина, а се случила кога неговиот чичко, Насер Зибери, е кандидат за прв премиер Албанец.
– Апсолутно, сакам да го демантирам тоа. Разрешувањето следуваше по неговата изјава за работата на Комисијата, а со којшто сметам дека го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, кои работеа раководејќи се од професионални принципи. Апсолутно никој не смее да политизира, ниту да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање – нагласи Филипче.