Филипче за ТВ24: Во болницата во Струга доаѓаат луѓе кои присуствувале на литијата

Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките. Многу е важна високата свест и да се делува превентивно, зошто станува збор за сериозна и тешка болест.

3,183

Министерот за здравство Венко Филипче во денешниото гостување во ТВ24 истакна дека државата навремено реагирала на почетокот на епидемијата на коронавирусот.

– Сите здравствени работници одлично одговорија на предизвикот, и тие и епидемоиолозите и сите други лекари и медицински сестри на одругите оделенија кои по системот на ротација им помагаа на колегите – рече Филипче.






Филипче потенцираше дека ова е фаза од епидемиолошката крива со која се соочуваат сите земји. Ситуацијата стивнува и е под контрола, зошто се вовеле рестриктивни мерки. Тие мерки се воведувале по препораки на Комисијата за заразни болести. Тој рече дека вирусот нема така брзо да го снема, но се настојува со мерките да се запре неговото ширење.

– Новите заболени потекнуваат од непочитување на мерките. Многу е важна високата свест и да се делува превентивно, зошто станува збор за сериозна и тешка болест. Многумина стануваат свесни откако ќе заболи некој од семејството. Мора да се носат маски и да се почитува дистанца. Мерките даваат ефект кога се почитуваат и кога институциите детектираат неправилности и мора да ги санкционираат. Сведоци сме дека има групирање и неносење на маски и тука институциите мора да  реагираат – рече Филипче.

Тој додаде дека кластерите се познати и воглавно тоа се заразени од групни собирања.

Имаме луѓе што доаѓаат во болницата во Струга со белодробен наод кој одговара на ковид-19, а кои присуствувале на литијата во градот пред некоја недела. Имаме докажани случаи од семејни настани по десетина луѓе – посочи Филипче.

 

Поврзани содржини