Во дел од градовите каде имаше заболени од ковид-19 веќе нема активни случаи. Полека ја добиваме битката со вирусот, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
„Но да не заборавиме дека сите мерки мора да продолжат се почитуваат. Да бидеме доследни и одговорни до крај“, порача министерот.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.
Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.