Филипче: Во моментов нема потреба од нови мерки! Се очекува помош од Кина во медицински возила
Според него за две до три недели сегашните мерки треба да ги дадат првичните резултати.
Во државата широко е распространет вирусот и секое мало невнимание значи зараза, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филиче.
Според него за две до три недели сегашните мерки треба да ги дадат првичните резултати.
– Во овој момент нема потреба од нови рестриктивни мерки. Тоа утринава било разговарано и заклучено на состанокот на Комисијата за заразни болест. Апелирам до граѓаните ако немате потреба немојте да излегувате од дома – рече Филипче на прес конференцијата.
Министерот изјави дека лекарите и медицинскиот персонал се уморни, но се надева дека и овој пат ќе бидат на висината на задачата и ќе се справат со кризата и овој нов есенски бран кој е доста силен.
Според Филипче очекуваме помош од Кина, а тоа се 60 нови медицински возила. Тоа е голема помош од Кина која беше пролингирана поради кризата со ковид-19.