Филипче: Внимаваме на скриени кластери, избори ќе се планираат кога бројот на заболени ќе опадне

2,323

Запрашан кога поради вонредната ситуација со ковид-19, која треба да се укине на 16. мај, се планираат парламентарните избори, министерот Филипче денеска одговори – „Дури тогаш кога ќе може со сигурност да се каже дека бројот на заболени се намалува, дека дефинитивно факторот на пренос е под единица, како што е сега, ќе може да се планираат и други активности“.

– Во овој момент се уште не сме разговарале на состаноците на Комисијата за заразни болести за спроведување на изборите. Внимателни сме во анализата на новодијагностицираните пациенти, да не постои некаде скриен кластер на заболени.






– Сметам дека ако нема таква работа и трендот се задржи и во следните денови сигурно во овој период од месец, два, летните месеци, ќе бидеме во една ситуација во која што доколку граѓаните коректно се придржуваат до мерките – носење на заштитните маски, тоа е една од најбитните работи во спречувањето на трансмисијата на болеста, епидемијата ќе ја држиме под контрола, истакна министерот.

Во однос на вчерашната изјава на инфектологот, д-р Вело Марковски, зошто е сигурен дека вирусот ќе се врати наесен, Филипче вели дека поради неколку работи размислува во таа насока.

– Станува збор за вирус што е респираторен, а сите респираторни вируси се враќаат наесен. Второ, во однос на тоа што се уште е сега претпоставка, веројатно следат испитувања, студии итн., сепак има еден тренд на помалку случаи во земјите каде што е задолжителна БСЖ вакцината. Но дури и покрај тоа што точно не се знае и не е потврдено, ние апсолутно мора да бидеме подготвени и во таа насока одиме. Со овој предизвик со кој сега се соочуваме, не само ние туку целиот свет, искуството не научи и не прави поподготвени за некои следни предизвици – рече Филипче и додаде:

– Неесен можен е следен пик и тогаш  уште повеќе комплицирано со некоја вообичаена или зголемена  бројка, како што беше и минатата сезона. А тогаш може да се јави и сезонскиот грип. Во таа смисла сепредвидувањата и подготовките  – рече министерот.

 

Поврзани содржини