Филипче вети разгледување на барањата на угостителите, но дека е рано е за промена на мерките

Во секој случај ќе ја анализираме епидемиолошката ситуација заклучно со понеделник, тоа се тие двонеделни пресеци, па ќе носиме одлука - рече министерот.

344

Министерот за здравство Венко Филипче од страна на новинари беше прашан дали ќе се разгледуваат барањата на угостителите кои денеска ги доставија, односно дали во практика ќе се остварат и применат тие барања.

Тој рече дека сега за сега требало да останат овие мерки на сила најмалку уште една недела.






– Сите барања ќе ги разледуваме на состанокот кој што ќе се одржи во понеделник, значи 3-4 дена. Имаат логика барањата, но во исто време сме ние во период во кој што поминуваат веќе неколку недели од попуштање на мерките. За сега нема никаква најава дека ќе има влошување на епидемиолошката ситуација заради тоа попуштање од пред неколку недели. Во секој случај ќе ја анализираме епидемиолошката ситуација заклучно со понеделник, тоа се тие двонеделни пресеци, па ќе носиме одлука. Сега за сега сметам дека овие мерки кои што се на сила треба да останат уште најмалку една недела – изјави министерот.

Поврзани содржини