ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ЕДНО, СПАСОВСКИ ДРУГО, КОМУ ДА ВЕРУВАМЕ? ЗНАМ бара СДСМ да се изјасни дали ќе го бојкотира Собранието или не

Има ли кормилар на бродот СДСМ? Кога во рок од неколку часа имате две различни пораки за клучно државно прашање, тогаш станува јасно дека СДСМ не само што нема јасен став, туку нема ниту внатрешна усогласеност околу сопствените позиции – рече Мемов.

345

Вчерашните јавни настапи поврзани со измените на Законот за Влада, сведочат за сериозна конфузија, некоординираност и очигледен раскол во редовите на СДСМ. Во текот на само еден ден, од иста политичка адреса стигнаа различни, меѓусебно неспоиви пораки – рече портпаролот на Движењето За наша Македонија Никола Мемов на денешната партиска прес-конференција.

– Наместо јасно дефиниран став и политичка конзистентност, јавноста доби изјави што се разликуваат и по содржина и по насока, оставајќи впечаток дека во рамки на СДСМ не постои единствен пристап, ниту координација околу клучните прашања во државата.

Имено, Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во посета на оризопроизводителите во Кочанско, одговарајќи на новинарско прашање, изјави – цитирам:

„Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието… Ние ќе излеземе и нема да учествуваме во работата на работната група за Изборниот закон. Не од работата на Собранието.“

Само неколку часа подоцна, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување на тема на денот на Сител ТВ, остави отворена сосема поинаква опција – цитирам:

„Другите механизми ќе ги најавуваме така како што ќе доаѓа моментот. Во демократијата ниедна демократска метода не се исклучува, ќе се превземаат секако и други чекори кои се можни…“

Дополнително, чувствуваме обврска да ја информираме јавноста во однос на тврдењата на Оливер Спасовски дека немало комуникација и дебата за Законот за Влада.

Таквото тврдење не соодветствува со фактите. Господинот Спасовски беше директно вклучен во процесот, учествуваше на работните средби организирани од Министерството за јавна администрација, лично му беа доставени предлог измените и имаше целосна можност активно да се вклучи со свои предлози и забелешки.

Оттука, кога вчера се пласира теза за наводен недостиг на дијалог, а паралелно се најавуваат „други можни чекори“ и се остава простор за различни форми на политичко делување, неизбежно се наметнува впечаток дека станува збор за обид за редефинирање на сопствената позиција пред јавноста.

Тоа не придонесува кон сериозна политичка дебата, туку отвора сомнеж за недоследност и за свесно креирање на наратив што не е во согласност со реалниот тек на настаните – рече Мемов.

Тој јавно праша кој тука ја кажува вистината, кој е релевантниот став на СДСМ, кој ја води политиката на партијата – Филипче или Спасовсски?

Поврзани содржини