Филипче: Вaкцината ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации (ВИДЕО)

Министерот за здравство информира дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

249

Вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата изјави во видеобраќање до граѓаните министерот за здравство  Венко Филипче.

Тој информира дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.






– Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите – рече Филипче.

Филипче рече дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

Поврзани содржини