Филипче: Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот, напиша министерот.

292

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари“, порача Филипче на Фејсбук.

Поврзани содржини