Филипче утре ќе ја пречека втората пратка со вакцини од Србија

557

Министерот за здравство, Венко Филипче, утре на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.

Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница.

Поврзани содржини