ФИЛИПЧЕ УШТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Ексминистерот демантира дека имал закани по живот
По четири години министерски стаж, од кој половина помина во знак на справување со ковид-кризата, истакнатиот неврохирург Венко Филипче ѝ се врати на професијата, а неговото министерско место го презеде стоматологот Беким Сали од Алтернатива.
По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци иако повеќе не е на функција. Филипче во изјава за „Фокус“, ги демантира информациите за наводни смртни закани, кои проструија во јавноста.
– Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци – изјавил Филипче за „Фокус“.