ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Манасиевски ја оценува пресудата како срамна

Во својата одбрана пред судиите, екс директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, рече дека не се согласува со пресудата и дека на обвинителната клупа треба всушност да седне тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

114

Срамни пресуди за пожарот во Модуларната болница во Тетово, во којшто загинаа 14 луѓе, осени денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и допринеле во трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се директори на болници, а казните се како за кражба за гуми. Судот ги казни екс директорот Флорин Бесими и екс економскиот директор Артан Етеми, со по една и пол година затвор. Судството отворено како пупка од страна на Зоран Заев, продолжува да биде за едни мајка, а за други маќеа. За кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што гинат 14 луѓе, само 1,5 година затвор. За лица блиски до СДСМ и ДУИ, правдата не постои – рече Манасиевски.






Оваа срамна пресуда е доказ за тоа дека СДСМ и ДУИ, го контролираат правосудниот систем, каде одлучуваат по нивна волја, а не според правни норми, додаде тој.

– Овие кои се осудени, а се дел од СДСМ и ДУИ и не се привилигирани како Филипче и мора да добијат казна, макар и минимална, негодуваат и го вперуваат прстот во вистинскиот виновник. Во својата одбрана пред судиите, екс директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, вели дека не се согласува со пресудата и дека на обвинителната клупа треба всушност да седне тогашниот министер за здравство, Венко Филипче. И луѓето дел од системот, како Бесими, кои добиле ниски казни затоа што се од СДСМ и ДУИ, точно знаат кој е виновен – рече Манасиевски.

Ова судство го бираа и организираа токму тие, додаде тој, а сега има борба кој да се пушти низ вода со ниски казни, а кој воопшто да не се појави на суд.

 

Поврзани содржини