На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче, покрај најновите податоци поврзани со ковид-19 земја, тој дека по олабавувањето на мерките во регионот, речиси сите земји бележат зголемување на бројот на заболени со коронавирус.
– Во разговорите со колегите од регионот укажуваат на тоа дека се појавуваат нови случаи и разговаравме за начинот со кој што ние региравме со цел да споделиме искуства, како и податоците кои што ние ги имаме, а тие сега ги анализираат со новопојавените случаи и какви мерки би превземале – рече Филипче.
Тој се наврати на често поставуваните прашања повразани со смртноста на пациентите.
– Според историјата огромен број од нив се поврзани со хронични заболувања, а последната статистика од 193 починати лица, најголем дел се на возраст од над 60 години, а кај 76 проценти од нив се регистрирани бројни коморбидитети, а тука пред се мислам на хорничните болести – изјави министерот.