Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Канал 5 објасни како дозата од 800.000 вакцини ќе биде распоредена и кои граѓани први ќе се вакцинираат.
– Првите 5.850 дози од вакцините од Фајзер во Македонија ќе стигнат во февруари. 800.000 дози од вакцините Фајзер директно одобрени за 2021 година. Австриската влада ќе даде дел од нивните вакцини. Стартуваме со кампањата за важноста на вакцината против ковид-19 – рече министерот Филипче.